Во средата околу 17 часот се случи одрон во австриската шума Зигенсдорфберг, кој затрупа деца кои си играле во близина. Свлечиштето, кое се проценува на околу 60 кубни метри земја, одеднаш се активирало и затрупало четири деца, пишува Новиц.
Од четирите закопани деца, едно се здобило со сериозни повреди и итно е пренесено во болница. За петгодишното момче помошта пристигнала предоцна и починало на местото на несреќата.
Другите две деца се неповредени и надвор од животна опасност.
– Копавме со раце и лопати и дадовме се од себе – изјави портпаролот на Здружението на пожарникари.
Во акцијата за спасување учествуваа девет противпожарни бригади со околу 160 пожарникари, противпожарен дрон, полициско куче трагач и три хеликоптери. Според полицијата, несреќата се случила на само педесетина метри од домот на децата.