Тошковски: Се води постапка под надлежност на ЈО дали бегството на Груби е организирано

Според министерот, уште од првиот ден на бегството на Груби биле преземени дејства од страна на Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР, била отворена внатрешна истрага и сето тоа што е обезбедено како доказен материјал по наредба на јавен обвинител е собрано и по наредба на обвинител е доставено, односно дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник.

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Според министерот, уште од првиот ден на бегството на Груби биле преземени дејства од страна на Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР, била отворена внатрешна истрага и сето тоа што е обезбедено како доказен материјал по наредба на јавен обвинител е собрано и по наредба на обвинител е доставено, односно дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник.

-Од досега собраните докази кои ги имаме за да може да интервенираме во утврдена фактичка состојба во делот на службеникот-сме поднеле кривична пријава и се преземени чекори во насока на суспензија и во насока на констатирање на негова вина, кривична одговорност согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе. Тоа е неспорен факт и тука имаме кривична пријава, рече Тошковски.

Во одговор на друго новинарско прашање за кртовите во редовите на МВР кои ги пробиваат акциите, министерот за внатрешни работи смета дека и покрај дисфункционалниот систем кртовите, односно како што тој ги нарече предавници во МВР, се постигнати драстично различни резултатите во споредба со претходно.

– Само една акција која ја спроведовме во координација со ЈО за гонење на организиран криминал и корупција расветли осум убиства, кои 80-90 отсто се сторени во мандат на мојот претходник. Разликата е очигледна, но уште многу ќе треба да сториме за да имаме максимално професионална полициска служба. Уште многу ќе треба да сториме за да ги решиме кртовите, уште многу ќе треба да решиме за да остане запаметено во јавноста дека криминалот и корупцијата се неисплатливи и за истото за одговара, подвлече Тошковски.