Тошковски призна дека се точни информациите што ги објави СДСМ за скандал во полицијата

Тошковски изјави дека, додека полицајците ја составувале казнената пријава, возачот се јавил на полициски началник кој, преку телефон, им наредил на службениците да го ослободат. Кога му било посочено дека пријавата веќе е пополнета, началникот им наложил да го сменат името на прекршителот и да впишат друго лице. Полициските службеници ја исполниле таа наредба.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја потврди точноста на информациите објавени од СДСМ за сериозен скандал во полицијата. Според проверките на МВР, братот на градоначалникот на Гази Баба, Деан Стефковски, бил запрен од полицијата во центарот на Скопје откако возел со 84 километри на час на место каде што ограничувањето е 50 километри на час.

Тошковски изјави дека, додека полицајците ја составувале казнената пријава, возачот се јавил на полициски началник кој, преку телефон, им наредил на службениците да го ослободат. Кога му било посочено дека пријавата веќе е пополнета, началникот им наложил да го сменат името на прекршителот и да впишат друго лице. Полициските службеници ја исполниле таа наредба.

Министерот најави дека, покрај стандардната казна за пребрзо возење — глоба од 300 евра и забрана за управување со моторно возило во траење од три месеци — ќе бидат поднесени и кривични пријави против возачот и против началникот кој ја злоупотребил службената должност.

Тошковски нагласи дека нема да има толеранција за никого, без разлика на функцијата или позицијата. Овој скандал изби токму во пресрет на расправата за интерпелацијата што ја поднесе партијата Левица, со поддршка на СДСМ, обвинувајќи го министерот за селективно постапување, особено во случајот со трагедијата во Кочани, каде беа уапсени 60 лица, сите поранешни функционери, но не и актуелните.