
Тошковски положи цвеќе пред спомениците на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски
„Со овој чин се оддаде почит на нивниот придонес во темелите и развојот на современата македонска држава. Настанот беше симбол на благодарност и потсетување на вредностите на независноста, единството и демократијата, кои продолжуваат да не водат и денес“, информираа од Владата.
Денеска, по повод 8 Септември Денот на независноста, делегација предводена од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски положија свежо цвеќе пред спомениците на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на споменикот на првиот премиер, Никола Кљусев.
„Со овој чин се оддаде почит на нивниот придонес во темелите и развојот на современата македонска држава. Настанот беше симбол на благодарност и потсетување на вредностите на независноста, единството и демократијата, кои продолжуваат да не водат и денес”, информираа од Владата.