Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, концертот не бил пријавен во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер.

Пиротехничките средства или прскалки во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, но лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато, рече министерот министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција.

По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.

– Во 4.40 пожарот е локализиран, а во дискотеката имало околу 500 лица, на претходно 250 продадени карти согласно информациите. Досега е извршена обдукција на 15 лица. Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираа во странство и владата прави напори да овозможи услови за соодветно лекување. Огромна благодарност до меѓународните пријатели кои се потрудија да помогнат.Од она кое што го имаме утврдено досега, ќе пробам да доловам што преземавме: По извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека пиротехниката ја донел бендот, за жал лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато, рече Тошковски.

Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.

-МВР не било известено за таков настан. Таква информација до нас не е доставена. Согласно закон, пропишано е како треба да се обезбедува ваков настан ,рече Тошковски на денешната прес-конференција.

Од „прскалките“ започнале првите искри по што се запалил таванскиот простор и кровната конструкција.

Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.