Тошковски: Началниците се разрешени за да има независна и ефикасна истрага

- Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката, изјави попладнево Тошковски на прес-конференција.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката.

– Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката, изјави Тошковски попладнево на прес-конференција.

Информацијата за склад за нафта претходно ја потврдија и од Противпожарната бригада на Кочани.

Началниците се разрешени за да има целосно независна и ефикасна истрага, ваквата одлука не прејудицира вина, вели Тошковски

Началниците на ОВР Кочани и СВР Штип се разрешени со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага и ваквата одлука не прејудицира никаква вина, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Со цел да се обезбеди целосно независна и ефикасна истрага, донесов одлука за разрешување на раководни лица во локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивно заменување со полициски службеници кои не се од овие места, односно се од Скопје. Ваквата одлука не прејудицира никаква вина, туку е чекор кој треба да гарантира дека процесот ќе се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија, нагласи Тошковски.

Тој додаде дека во моменти како овие клучно е институциите да работат со највисока транспарентност и професионалност и оти затоа се воспоставува оперативна поставеност што ќе овозможи целосна непристрасност од луѓе кои немаат лични и професионални релации самата средина.

– Ниту началникот на ОВР Кочани, ниту началникот на СВР Штип не се дел од лицата кои биле предмет на распит, а точно е дека во рамки на МВР Одделот за внатрешна контрола се врши темелна анализа на фактичката состојба што е поврзана со кривично-правниот настан и очекувајте во текот на наредните денови да ги споделиме сите поврзани информации со она што ќе биде утврдено од Одделот за внатрешна контрола, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи поради трагедијата во дискотеката во Кочани, претходно денеска одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани.

Разрешение се – началник на Сектор за внатрешни работи Штип, помошник началник на СВР Штип, началник на Одделение за полиција Штип, началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип, началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани и началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека по пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, тимовите на МВР,  Дирекцијата за заштита и спасување и Државниот пазарен инспекторат денеска постапуваат на повеќе локации, а во рамки на контролата не се опфатени само објекти со формална лиценца, туку во наредните денови предмет на темелна контрола ќе бидат и објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа и клубови.

-Опфатени во оваа контрола не се само објекти кои што имаат формална лиценца, важечка или неважечка, ќе видиме понатаму во постапката, туку и сите оние објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа, клубови во наредните денови ќе бидат предмет на една темелна контрола, согласно заклучокот на Влада, рече Тошковски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека се врши увид, од аспект на тоа дали се исполнети сите оние потребни предуслови за нивно функционирање. Сепак, како што рече, констатирањето на сите оние факти кои што се битни од аспект на заштита од пожари, се во надлежност на другите институции.

-Сепак, утврдувањето на овие потребни предуслови е во надлежност на други институции. МВР да речеме дека дава поддршка во рамки на своја надлежност во овој случај, но констатирањето на сите оние факти кои што се битни од аспект на заштита од пожари, се надлежност на други институции. Најбрзо што може, ефикасно и професионално ќе си ја завршиме работата и ќе постапиме со соодветни одлучни чекори кон истите, таму каде што ќе има услови за постапување. Јавноста ќе биде благовремено информирана, рече Тошковски.

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица