Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги

Две лица кои извршувале службени функции во затворот Идризово се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив, межудругото, имало сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Две лица кои извршувале службени функции во затворот КПУ Затвор Скопје се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив има сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа, по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Двете лица се изведени пред судиија на претходна постапка, и според Тошковски, се понатаму е во раце на обвинителството и на судот. МВР, потенцира министерот, ги прибра доказите, ги изврши претресите, ги спроведе лицата и лиши од слобода. Останатиот дел од кривичната постапка е во рацете на судот и обвинителството кои се на потег.

-МВР постапувајќи по наредба на надлежен суд вршеше два претреса на две локации во домовите на лица кои се службени лица во Затворот Скопје поради сомневање дека сториле повеќе кривични дела, тие и уште неколку лица кои се вратени во овој затвор. Менаџерот на затворот и други лица ја доживувале институцијата како трговец поединец или приватно правно лице кое се заминава со туристички услуги заради тоа што незаконито им овозможувале на лица осудени, за кои постои висок безбедносен ризик, да користат привилегии кои по закон не им следуваат, рече министерот Тошковски во Само интервју на Канал 5.

Просто кажано, додаде тој, осум до десет часа спротивно на закон со затворска полиција ги спроведувале до одредени локации, во нивните домови или други локации каде што уживале привилегии.

-Притоа биле чувани од затворските полицајци кои се платени од граѓаните. Тие го користеле ова отстуство од законот и спроведувањето и чувањето од затворската полиција за приватни потреби според документација, а тоа какви се тие потреби ќе биде утврдено дополнително. Тоа не било за здравствени услуги, ниту пак да бидат достапни на органите на прогон, туку за други приватни потреби кои немаат законски основ во македонското законодавство, рече Тошковски.

Ова, додаде, се привилегии кои на одредени лица им било овозможено да ги користат, а мотивите се претпоставува дека се лукративни, но тоа, според министерот, дополнително ќе се утврди. Тој додаде дека со истрагата се опфатени десеттина лица.

МБВР вечерва соопшти дека поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје Ф.А. и затворскиот полицаец С.К. денеска се приведени поради сомнежи за злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода. Тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, а во текот на денов полицијата извршила претреси во нивните домови. Против нив, и уште осум лица се поднесени кривични пријави.

Полициската акција следува откако Управата за извршување санкции спроведе контроли за работењето во казнено-поправните установи и констатира злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата за тоа беа доставени до МВР и Обвинителството.