Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.
-Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани, напиша Тошковски на неговиот Фејсбук профил.
Тој на социјалната мрежа споделува и објава од МВР за приведен маж од радовишко затоа што подметнал пожари.