Тошковски: МВР да опоменува, а не да казнува за старите возачки дозволи

- Апелирам до секој полицаец да ги почитува законските одредби поврзани со укажувања и опомени. Сметам дека ниту еден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци. Полициските службеници треба да се фокусираат на укажувања и опомени, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека од денеска возачките дозволи со старото уставно име излегуваат од употреба.

Граѓаните мора да поседуваат возачки дозволи со ознаката „Северна“, како што е предвидено во измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, усвоени од Собранието на 12 февруари минатата година.

Тошковски ја нагласи важноста на овој процес како дел од имплементацијата на уставните измени и усогласувањето со Преспанскиот договор.

– Апелирам до секој полицаец да ги почитува законските одредби поврзани со укажувања и опомени. Сметам дека ниту еден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци. Полициските службеници треба да се фокусираат на укажувања и опомени, рече Тошковски.

Министерот упати апел до полицајците да ги почитуваат законските одредби што се однесуваат на советување и укажување, особено додека трае периодот на транзиција кон новите правила.