Тошковски: Зад палењето на возилата во Куманово стои добро организирана група

Добро организирана група стои зад инцидентите што се случија пред два дена во Куманово, кога беа запалени неколку возила и фотокопирница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Добро организирана група стои зад инцидентите што се случија пред два дена во Куманово, кога беа запалени неколку возила и фотокопирница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој рече дека во моментов не може да дава повеќе информации за случајот, бидејќи е сè уште во фаза на предистрага.

„За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група“,изјави Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека во овој момент не би сакал да претпоставува зошто во инцидентот се опожарени возила и објекти на функционери на ДУИ.

„Имаше претпоставки кои беа споделени во јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачани фактури од минатото, можеби станува збор за подгревање на тензиите, можеби станува збор за сосема трети причини. Моментално мислам дека не би било соодветно да говорам зашто сме во фаза на предизстрага“,додаде министерот.

Тошковски рече дека досега се приведени вкупно 18 лица, а четворица од нив се во притвор, по инцидентите од минатата недела кога во одделни случаи беа сквернавени државното знаме, албанското национално знаме, но и државни симболи на Република Србија.