Тошковски: Жителите од Трубарево да ги напуштат домовите – отворени се сместувачки капацитети

„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. За таа цел, отворени се сместувачки капацитети во Центарот за обука во близина на местото на настанот“, изјави министерот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес-конференција соопшти дека пожарот кој попладнево избувна во скопската населба Трубарево сè уште е активен, но е локализиран и нема опасност од негово ширење.

„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. За таа цел, отворени се сместувачки капацитети во Центарот за обука во близина на местото на настанот“, изјави министерот.

Тошковски посочи дека во гаснењето бил користен ситен песок, а на терен се вклучени повеќе служби кои активно работат на целосно совладување на пожарот.

Министерот дополнително откри дека во полициска станица на информативен разговор се повикани три лица – сопственици и управители на компанијата „Ф-Групација“, во чиј објект за електронски отпад избувна огнената стихија.

„Овој тип на пожари не е изолиран случај кај нас. Слични случаи се регистрирани и во Литванија, Белгија и Велика Британија. Тоа укажува дека проблемот е глобален и бара стандардизиран пристап за управување со ваков тип отпад“, потенцираше Тошковски