Тошковски демантира дека Росица му испратила порака за помош

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, категорично ги демантира тврдењата дека убиената Росица пет месеци пред трагичниот настан му испратила СМС-порака во која барала помош.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, категорично ги демантира тврдењата дека убиената Росица К. пет месеци пред трагичниот настан му испратила СМС-порака во која барала помош.

„Овој трагичен случај не смее да се злоупотребува за дневнополитички цели“, порачуваат од МВР.

Во јавноста и на социјалните мрежи кружи фотографија за која се тврди дека е СМС пораката што Росица наводно ја испратила до Тошковски. Сепак, на сликата недостигаат три цифри од телефонскиот број, нема датум на испраќање, а веродостојноста не може да се потврди.

Во спорната порака, меѓу другото, пишува:

„Човекот кој од декември ме демне, ме тепа, силува и ми ја запали колата, сè уште е на слобода! Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин.“

Министерот тврди дека оваа порака не е автентична.

Побарала ли Росица директно од Тошковски помош?