Топ 10 должници на листата на УЈП во јануари
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата Листа на должници за јануари
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 01/2025 за долгови доспеани до 30.09.2024 и неплатени до 31.12.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2025 објавени се 1962 должници – правни лица (помалку за 7 од претходната листа) и 3915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2025 изнесува 11.509.677.366 денари, (повеќе за 309.353.404 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.