Топи: Дијагнозата за колапс на демократскиот систем е од 2008 година, парламентарната се претвори во премиерска република
Поранешниот албански претседател Бамир Топи изјави дека „дијагнозата за колапсот на демократскиот систем во државата е април 2008 година”, кога парламентарната се претворила во премиерска република.
Според него, Рама е поединец кој ја анектирал секоја институција, почнувајќи од парламентот и кој не прифаќа ниту една сопствена грешка.
„Дијагнозата за колапс на демократскиот систем во државата е април 2008 година, кога парламентарната се претвори во премиерска република. Не може да се зборува за премиер кој нема тим, туку тој е поединец и кој стави крај на парламентот и сите институции и не прифаќа ништо“ – оцени Топи за „Ора њуз“.
Осврнувајќи се на поделбите во, некогашната партија на која и припаѓаше, опозициската Демократска партија, Топи кажа тоа го кажал и порано и целосно е потврдено дека Љуљзим Баша „дошол и си заминал без трофеј”.
Тој кажа дека има многу аргументи за актуелната состојба во ПД и додаде дека земјата веќе нема опозиција, бидејќи е во тешка ситуација.
„Сум кажал и целосно е потврдено дека Баша дојде и си замина без трофеј. Денеска е 2022 година. Потрошив многу време и посветеност во ПД. Мислам дека не е моментот кога некоја партија има потреба и тешкотии, јас да ги кажувам моите ставови“ – нагласи тој.
Топи шеф на државата беше во периодот од 2007 до 2012 година.