Том Круз раскина со русинката Елсина Хаирова
Том Круз и Елсина Хаирова повеќе не се заедно. Според извор близок до актерот, Круз сакал да избегне потенцијални идни проблеми со нејзиниот поранешен сопруг. Ова било и причина двајцата да ја прекинат врската.
Пред неколку месеци, кога беа објавени како новата ѕвездена двојка, поранешниот сопруг на Русинката, олигархот Дмитриј Цветков, даде интервју за „Дејли Мејл“ во кое детално го опиша бракот со манекенката и го предупреди Круз да ги држи „очите и паричникот широко отворени“.
По тие зборови, Том беше очигледно загрижен, како што изјави тогаш извор за Page Six: „Кога излезе статијата, тој многу размислуваше за тоа. Можно е наскоро да раскинат, особено што бившиот на Елсина зборува такви работи во печатот.Тие не сакаат да се занимаваат со тоа“.
Според него, откако Дмитриј дознал за новиот дечко на бившата, не престанал да пуштаиронични коментари за нив.
„Без разлика со кого е, Том Круз или некој друг, мажите во нејзиниот живот треба да бидат свесни дека сака убави работи и има скап и луксузен вкус“, прокоментира тој.
Потсетуваме дека таа и Круз првпат беа забележани заедно во јавност на една забава во декември. По неколку месеци, сепак, нивната љубов не го издржа притисокот и тие двајца решија да останат „само пријатели“.