Томовски од ВМРО-ДПМНЕ: Јуда со бакнеж, а Ковачевски со насмевки врши предавство!

„Една порака до оние кои се препознаваат како Социјалдемократи. Предавството не се мие, останува како нечиста совест и таквата немир ќе ја наследат и вашите деца. Тоа е жезолот кој секој еден што ќе гласа им го предава на идните поколенија. Македонија била предавана, ама ги надживеала предавниците. И вас ќе ве надживее. Вие со наведнати глави довека, а ние со нашата борба за Македонија за навека“ напиша меѓудругото на Фејсбук членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски.

Тој потенцираше дека „Јуда предаде со бакнеж, а Ковачевски со насмевка. Ама од судбина не се бега. Нема алал од тоа што гордо, достоинствено и со насмевка ја ПРОДАВА Македонија!“.

„Ние речиси сите се знаеме и се препознаваме во ова наше парче земја. И утре ќе се сретнеме. Не дозволувајте да шетате со наведнати глави поради лудоста и предавството на човекот кој ви ја води партијата. Затоа што има моменти кога е најважно кој на која страна бил. И затоа вие сте на потег да го спречите ова зло кое има име и презиме. Ковачевски не е вечен, но Македонија да!“ е пораката на Томовски.