Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно

„Македонско село од 2019-та година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари”, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада, Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени”.

„Македонско село од 2019-та година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари”, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада, Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени”.

Томовски додаде:

„Првиот пат кога кажав дека сакам да заживее селото можам да кажам дека има премногу заинтересирани, ако нему не му се исплатело, зошто би имало сега повеќе луѓе кои се заинтересирани да стопанисуваат со тој објект. Практично тој комплекс има некојси 12 засебни куќички со капацитет од 120-150 места за сместување, три ресторани, односно два ресторани и еден винотека или кафе бар. Сметам дека може да е профитабилен комплексот и затоа е таква заинтересираноста”.

Томовски истакна дека почетната сума за селото би била 240 милиони денари.

„Ние направивме проценка на тој имот и нема да го издадеме како јавно приватно партнерство како што било во минатото да ние дел одржуваме, дел одржува економскиот оператор, практично му даваме клуч на економскиот оператор со нашата замисла и тој стопанисува комплетно и целосно со тој објект. Според бирото за проценка почетната сума би била 240 милиони денари каде после тоа зависно од конкуренцијата може да се наддава таа сума”, посочи Томовски.

Според него, „За жичницата делот кој е од Средно Водно до врв е во надлежност на Град Скопје односно ЈСП, оној втор дел кој треба да се изгради проектот е преку министерство за транспорт и врски и тој проект треба да биде од „Св. Јован” во Капиштец до средно Водно и така го поврзувате градот со врв и средно Водно”, укажа Томовски.

Томовски потенцираше дека имаат идеја да се направи подземен паркинг спроти Нова Македонија и со тоа да се добие паркинг, зеленило и трансфер со мини бус.

„Она што ние го имаме како идеја и ќе го разговараме со премиерот и соодветните институции кои треба да помогнат во реализација на овој проект е практично кај платото спроти Нова Македонија, паркингот кај Цветен пазар да направиме некакво јавно приватно партнерство или како држава да направиме подземен паркинг и тој моментален паркинг тука да стане зеленило, така добиваме и паркинг и зеленило. Ние како држава да земеме две или едно возило мини бус кој ќе прави трансфер од Нова Македонија до почетокот на жичницата кај „Св. Јован” и секој оној кој ќе има намера да може да се паркира тука во паркингот кој би чинел 30 денари наместо 100 денари, да се качи на жичница, да се качи горе и на средно Водно да има уште еден мини бус кој би гравитирал кон средно Водно, Македонско село, Пантелејмон така ќе го заживееме и манастирот и комплексот Македонско село”, посочи Томовски.