На тема недостиг на работна сила проблем со кој се соочуваат земјите разговараме со проф. Ана Томовска во најновото издание на Трилинг.
,,Предвидувањата се дека до 2030 година околу 90% од луѓето кои што работат на денешните работни места ќе треба да поминат низ таков процес на доживотно учење за да ги подобрат своите вештини’’ – потенцираше професорката.
,,Поевтинува оној дел до работната сила, можеби односно стагнира со плати, работите што се рутинизирани, кои што не бараат многу вештини, доколку тие кои што бараат вештини, кои што се високо специјализирани во областа, нивните плати растат , тие стануваат се побарани како кадар. Ја спомнавте Германија, Германија размислува да ги олесни процедурите за влез на кадри како што се ИТ инженери, лекари. Тоа се професии кој што се уште не може лесно да се заменат затоа што не бараат само рутина, бараат и размислување” – истакна професорката.
Таа вели, за да привлечете некого, мора да му дадете соодветна плата за да може да живее, да ги задоволи основните потреби, а потоа да се размислува за надградбата.
,,Ако сакаме да бидеме конкурентни мораме да ги пополниме сите фактори кои што ќе му овозможат на човекот кој што живее тука да има достоен и пристоен живот’’ – истакна Томовска.