Томас Вајц во Европскиот парламент дистрибуирал „нон-пејпер“ за расчистување на дилемите од Протоколот со Бугарија

– Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниедна друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост, стои во документот.

Во Европскиот парламент циркулира документ, таканаречен „нон-пејпер“, како иницијатива на известувачот Томас Вајц – за целосно расчистување на нејаснотиите со Протоколот со Бугарија објави ТВ 24. Документот, преку седум точки го образложува барањето поврзано со амандманот 108 за извештајот за Македонија и ги повикува политичките групи да обезбедат најширока поддршка за негово усвојување во Комитетот за надворешна политика (AFET) во мај.

Нон-пејперот го поставува клучното прашање: дали вториот протокол е формално и правно обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка и земја-кандидат без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на членовите 2 и 49 од Договорот за ЕУ за почитување на човековите права.

– Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниедна друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост, стои во документот.

Во документот се објаснува дека Протоколот се појави во контекст на, како што пишува „таканаречениот француски предлог“. Наведено е и дека во земјава се покренати постапки пред Уставниот суд, како и дека има конкретни ризици од одлуката на правната служба на Советот на ЕУ.

Според документот, постојат два начина за покренување на постапката – преку земја – членка или претседателството на ЕУ и втората опција – Европарламентот формално преку резолуција да го повика Советот за мислење. Во едно од 4 те сценарија за ризици стои – ако има мислење кое не е во согласност со највисокото право на ЕУ – би бил потребно репреговарање на преговарачката рамка .

– Иницијативата на известувачот Вајц е правно прецизна и политички значајна. Стратегијата што се спроведува досега – стабилизирање на политички компромис врз правно несигурни темели – носи ризик од трајна структурна моќ: протоколот ѝ обезбедува на Софија во секое време инструмент што може да го повика како аргумент за „недоволен напредок“, додека рамката не содржи временско ограничување за тоа колку долго можат да се поднесат такви забелешки, пишува во „нон-пејперот“.