Тодоровиќ во куќен притвор, Ставрески и Канческа Милеска сo „поблаги мерки“

Поранешните министри Ставревски и Канчевска-Милевска нема да смеат да ја напуштат државата. Обвинителство ќе бара да им се одземат патните исправи. Тие се меѓу 15-те осомничени за набавката на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“, објавува Сител.

За двајцата и претходно се воделе истражни постапки, а досега немало сомнеж дека планираат бегство, па затоа обвинителството одлучило дека одземањето на пасошот и лична карта се доволна гаранција дека екс-министрите ќе останат во државата.

Поранешниот градоначалник Тодоровиќ пак ќе мора да седи во својот дом додека трае истрагата. Доцна синоќа судот му одреди куќен притвор. Не чувствува вина дека со набавката на 11те споменици ја злоупотребил положбата како прв човек на општина Центар, ама не открива со кои аргументи ќе се спротистави на сомнежите кои за него ги има обвинителството.

Во куќен замина и Тодор Делјановски. Зад решетки пак, обвинението ќе го чекаат четворица кои се осомничени за перење пари обезбедени со лажни фактури за вредноста на спомениците. Во затворот Шутка заминаа поранешниот претседател на советот на Центар, Владимир Здравев, Игор Секуловски, Љупчо Бакев и Александар Здравев. Нивните имиња пак и досега јавноста ги поврзуваше со сомнителни бизниси преку офшор компании од Белизе, а според податоците од централниот регистрар, дел од компаниите кои ги поседуваат во земјава се фиктивни – немаат ниту вработени ниту обрт на пари.

Враќањето на истрага стара пет години, но сега со ново кодно име Феникс, за дел од комуниколозите е обид за дефокусирање од случувањата во правосудството и актуелната политичка состојба.

„Не е невообичаено вакви комплексни предмети да траат долго, но, обвинителството треба да има ѓаволски добро објаснување зошто тајмингот е така погоден. Ако е вистина дека тајмингот бил неизбежен, бидејќи, ако нема добро објаснување изгледа како да е тајмингот опртун за да се дефокусира вниманието на јавноста од другите кризи кои моментално се случуваат. Без објаснување, изгледа политички проблематично“ вели Петар Арсовски.

Феникс според пресметките на обвинителството ја оштетил државата за близу 60 милиони евра. Прв на листата осомничени е Груевски, следуваат тогашните министри за финансии и култура, двајца градоначалници на Центар. Преку компании од земајва и странство спомениците се наплатувале двојно повеќе, а разликата одела во џебовите на осомничените.