Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил на територијата на Крагуевац.
Според веб-страницата, ова е втор земјотрес со јачина од 3,5 степени што е почувствуван во Крагуевац околу 19 часот и 25 минути, првиот бил со јачина од 3,8 степени и бил почувствуван денеска во 17 часот и 25 минути.
Да потсетиме, Крагуевац деновиве го погодија неколку земјотреси. Пред два дена, на 9 јули, беше регистриран земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, како и на 6 јули кога земјотресот беше со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Груд, а на 37 километри од Мостар.