
Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел од Турција.
Според последните податоци на ЕМСЦ земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километра во близина на Адијаман.
За сега нема информации за нови жртви, а не е познато и дали овој земјотрес предизвикал нови оштетувања, иако целиот тој регион е скоро срамен со земја.
Два земјотреси пред десетина дена буквално го претворија град на мртовци регионот од овој дел на Турција со над 40 илјади загинати до овој момент.
🔔#Earthquake (#deprem) M4.5 occurred 27 km NW of #Adıyaman (#Turkey) 2 min ago (local time 19:14:40). More info at:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/eyE1qYxOhN
🖥https://t.co/61jCnBvi6T pic.twitter.com/a996i4vKwy— EMSC (@LastQuake) February 18, 2023