ТИ: Дури 47 земји пониско рангирани од лани на Индексот за перцепција на корупцијата

Многу земји го имаат своето најлошо рангирање во последната деценија во годишниот Индекс на перцепција на корупцијата на невладината организација Транспаренси интернешнал. Меѓу нив се земји како САД и Франција, како и земји како Русија и Венецуела.

Многу земји го имаат своето најлошо рангирање во последната деценија во годишниот Индекс на перцепција на корупцијата на невладината организација Транспаренси интернешнал. Меѓу нив се земји како САД и Франција, како и земји како Русија и Венецуела.

Транспаренси интернешнал ообјави дека 47 земји од 180 ги забележале своите најлоши резултати во борбата против корупцијата минатата година, откако невладината организација почна да ја користи својата сегашна методологија за проценка во 2012 година.

„Нивото на корупција ширум светот останува загрижувачки високо, со слабеење на напорите за борба против неа“, предупредува Транспаренси интернешнал.

Невладината организација ја мери перцепцијата за корупција во јавниот сектор, засновајќи ги своите резултати на податоци од 13 извори, меѓу кои Светска банка, Светски економски форум и консултантски компании.

Во индексот, земјите се оценети на скала од нула до сто, со нула што значи „екстремно корумпирана“ земја и 100 поени што значи „многу чиста“ земја.

Просечното ниво на корупција во светот не е променето во однос на 2023 година и е посочено со 43 поени. Повеќе од две третини од сите оценети земји добија помалку од 50 поени.

Данска останува на првото место на рангирањето со 90 бодови. На второ место е Финска со 88 бодови, а на трето Сингапур со 84.

На последните три места се Венецуела со 10, Сомалија со 9 и Јужен Судан со 8 бодови.

САД паднаа од 24. на 28. место и имаат 65 поени, наспроти 69. во минатогодишното рангирање.

Позиции загуби и Франција – на минатогодишното рангирање беше на 20. место со 71 бод, а сега е на 25. место со 67 бодови.