Тирк: Човековите права да бидат приоритет во управувањето со Твитер

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолер Тирк упати денес отворено писмо до Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, повикувајќи го да обезбеди човековите права да бидат на централно место кога станува збор за управување на таа компанија.

Твитер во петокот отпушти половина од вработените, и со тоа е одговорен за човековите права, што Тирк го опиша као почеток кој не охрабрува, пренесе Ројтерс.

Твитер е дел од глобална револуција која го промени начинот на кој комуницираме,наведе Тирк во писмото.

„Но пишувам со загрижност и страв за нашиот дигитален јавен плоштад и улогата на Твитер во него.