19-годишен напаѓач отвори оган синоќа во Ричмонд, Вирџинија, додека стотици луѓе стоеја надвор во парк по матурска вечер, убивајќи две лица, а рани пет други, изјави привремениот началник на полицијата во градот, Рик Едвардс.
🚨#BREAKING: Mass shooting at Virginia Commonwealth University’s during high school graduation ceremony⁰
📌#Richmond | #VirginiaCurrently multiple law enforcements are on scene of a mass shooting that took place during a high school graduation ceremony in Monroe Park on the… pic.twitter.com/18sEoB973z
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) June 6, 2023
Неколку луѓе се повредени додека се обиделе да побегнат од пукањето, вклучително и деветгодишно девојче кое било удрено од автомобил, изјави привремениот началник на полицијата за новинарите.
Полицијата првично приведе две лица, но подоцна соопшти дека едното не е вмешано. Полицијата ќе поднесе две точки за убиство од втор степен против 19-годишниот, за кој инспекторите веруваат дека можеби познавал една од жртвите и имал четири пиштоли, рече Едвардс.
Убиени се 18-годишен студент кој дипломирал во вторникот и 36-годишен маж кој присуствувал на церемонијата во театар во близина на паркот.
Пукањето се случило во паркот Монро по церемонијата во средното училиште „Хугенот“ во театарот „Алтриа“, изјави претставникот на јавните училишта во Ричмонд, Метју Стенли.
Паркот се наоѓа во кампусот на Универзитетот Вирџинија Комонвелт, спроти театарот.
Покрај двајцата убиени, прострелни рани се здобија уште петмина – едно 14-годишно момче и четворица мажи на возраст меѓу 31 и 58 години.
Осомничениот побегнал од местото, но полицијата го привела.