Средношколец во американската сојузна држава Мериленд е уапсен и обвинет за закана со масовно насилство, откако полицијата открила докази дека планирал да изврши масовно пукање во неговото поранешно основно училиште.
Во полицискиот извештај се вели дека 18-годишниот Алекс Је напишал „мемоари“ од 129 страници во кој го опишува нападот во училиштето со надеж дека ќе стане познат.
Тој споделил дел од приказната преку Инстаграм со неидентификувано лице, кое го запознал за време на лекувањето во психијатриска установа. Сведокот ја известил полицијата дека има „впечатливи сличности меѓу главниот лик“ и Је.