Денеска во 3.00 часот по полноќ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје.
– Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром – информираа од МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица-Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.