Тим од Вашингтон ќе лови корумпирани политичари во Македонија

Американската амбасадорка Анџела Агелер започнува со сериозни проекти за работа. Прв таков проект веќе најави, а ќе се истражува корупцијата во Македонија за сегашните и за поранешните функционери. „Тимот за санкции“ пристигна во Македонија, а за тоа,таа објави на нејзиниот Твитер профил.

 

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.