Обвинителите Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши ќе продолжат да бидат дел од тимот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.
Советот на јавни обвинители претпладнево ги реизбра истите 5 обвинители, а тие добија едногласна поддршка од сите 10 членови на ова тело.
Мнозинство гласови не добија обвинителите Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Арсим Адеми.
Републичкиот јавен обвинител – Љубомир Јовески рече дека ќе ги поддржи досегашните обвинители на кои им истече мандатот.
„Станува збор за професионални и самостојни обвинители кои со успех ги извршуваат доверените работи. Тие постапуваат по многу сложени предмети и нивно евентуално неизбирање ќе значи пролонгирање на тие предмети“ – рече тој.