„Тие имаат телефони во затвор, јас го немам моето дете“ – потресен револт на родителите
Додека судијката одреди пауза по потресното сведочење на мајката Марија Петрушева, емоциите во делот за јавноста не стивнаа. Револтиран родител, кој во трагедијата го загубил своето единствено дете, јавно го изрази својот гнев пред новинарите, алудирајќи директно на скандалот со пронајдените мобилни телефони кај обвинетиот и сопственик на дискотеката, Дејан Јованов – Деко.

„Државата не направи ништо за нас, само ни ги уби децата. Тие не можат без телефони, им наоѓаат мобилни во затвор, а јас што да правам? Едно дете имав, сега и тоа го немам“, низ солзи изјави родителот.
Тој истакна дека е длабоко вознемирен и од односот на институциите кон семејствата на жртвите, посочувајќи дека им било нудено обесштетување кое го доживуваат како навреда.
„Нè тераа да кажеме цена за нашите деца. Нека дојде некој и нека ми го врати детето, а јас ќе му ги дадам сите пари што никогаш не ми ги дадоа“, рече тој.
Родителот упати критика и кон однесувањето на обвинетите во судницата, оценувајќи дека нивната рамнодушност дополнително ја продлабочува болката на семејствата.
„Тие се смеат и им е убаво, а јас што да кажам?“ додаде тој.
Извор: Фокус