МВР информира дека вчера вечерта во 20 часот и 45 минути во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“ се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 54 годишен кавадарчанец и патничко возило „пасат“ со регистарски ознаки од Виница, управувано од 29 годишно лице од Виница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од одделението за внатрешни работи од Неготино.