Закрепнувањето на наставничката која беше ранета со нож од 19-годишен напаѓач во основното училиште „Пречко“ во Загреб оди добро, исклучена е од респиратор, будна е и е во контакт со околината, – изјави шефот на хируршката клиника „Свети Дух“, Жарко Рашиќ, додавајќи дека заедно со понатамошната здравствена заштита и е потребен и мир, пишува Еуроњуз.
Рашиќ во изјава за хрватската телевизија РТЛ рече дека на наставничката ќе и биде пружена соодветна психолошка помош кога ќе закрепне доволно.
За нејзиното понатамошно лекување ќе биде ангажиран психијатар, кој секако ќе биде потребен“, посочи тој.
Тој ја коментираше и состојбата на 19-годишниот напаѓач на деца и наставник во ОУ „Пречко“, кој повторно беше опериран.
„Кај неговиот случај се работи за секундарно крварење. По соодветната дијагностичка работа, која опфати лабораториски наоди и дополнителна дијагностичка работа, извршена е ревизиона операција и дополнителна хемостаза на раната во пределот на вратот, која пациентот си ја нанел сам“, изјави д-р. Рашиќ, пренесува агенцијата ХИНА.
Тој исто така додаде дека 19-годишниот напаѓач моментално е на респиратор, а кога ќе биде подготвен да разговара со полицијата ќе проценат стручните служби, односно психијатар кој веќе му обезбедил соодветни помош.
Хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ утрово ги посети пациентите лекувани во загрепските болници кои беа повредени во вчерашниот напад со нож во основното училиште Пречко во Загреб и посочи дека сите пациенти, три деца и наставничката, се стабилни и надвор од животна опасност.