
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Партизански одреди, во непосредна близина на локацијата каде што загина младата Фросина Кулакова, објави Фактор.
Соведоци на настанот до редакцијата на Фактор испратиле фотографии од несреќата во која учествувале три возила, кои од ударот се извртеле.
Во сообраќајната незгода учествувале „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Според сведоци на настанот, до несреќата дошло поради неприлагодена брзина на возачите.