
Тешка сообраќајка на автопатот Марибор-Љубљана, пет лица загинаа
Автопатот Штаерска (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните информации од полицијата, возач на комбе удрил во камион кој стоел во колона
Автопатот Штаерска (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните информации од полицијата, возач на комбе удрил во камион кој стоел во колона, објавува 24ur.com.
Несреќата предизвикува сообраќаен метеж во правец кон Марибор, а и лентите за возење и за престигнување се затворени.
Полициската управа во Цеље беше известена кратко пред 10:30 часот дека се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот, во близина на излезот Словенске Коњице во правец кон Љубљана.
Полицијата најави повеќе информации во текот на денот.