Едно лице е тешко повредено во сообраќајка во кавадаречкото село Дреново. Реагирале и пожарникарите кои го ваделе повреденото лице од автомобилот.
„Се врши утврдувањето на повредите“, јавува Ратко Грков, началник на итната медицинска помош Кавадарци за МИА.
Возилото излетало од патот и се превртело. Екипата на итна помош веднаш стигнала на лице место, а од СВР Велес најавија повеќе детали за денеска.
Веднаш по сообраќајката заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, велат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.