Сообраќајна несреќа попладнево се случила на излезот од Битола, кај селото Кравари, во која 20 лица се здобиле со повреди, од кои 6 со потешки повреди.
Информациите се дека сообраќајната несреќа била меѓу три возила, едно комбе со ресенски таблички во кое се превезувале работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“, потоа патничко возило „ауди“ и влекач паркиран покрај самиот пат.
По сударот со автомобил, комбето се забило во влечното возило.
Најголем број од повредените биле патници во комбето. Дел од нив доживеале набиеници од ударот, но ниту едно лице не е хоспитализирано.
Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.