Во сообраќајна несреќа утрово во Белград, во 9.20 часот загинаа две лица, а една жена со тешки повреди е пренесена во Ургентен центар.
Според информациите на српските медиуми, човекот кој возел зад „пежото“ открива што се случило.
„Не возеше премногу брзо, но изгуби контрола и удри во бандера, по што возилото се преполови“ – вели сведокот.
Според информациите, двајца мажи на возраст од 30 и 60 години починале, а една девојка со возило на Брза помош е пренесена во ургентниот центар.
Во еден автомобил биле татко и ќерка. Таткото загинал, а ќерката е повредена.
Сообраќајот е обновен, а на асфалтот се уште има траги од крв.