Тешка железничка несреќа во Словенија, воз удрил во група работници

Две лица загинаа во четвртокот на пругата меѓу словенечка Постојна и Престранек кога патнички воз удри во група работници на Словенечките железници на железничкиот премин Ракитник.

Според првичните информации, двајца работници загинале на местото на несреќата, а четворица се тешко повредени, изјавија за СТА од Управата на полицијата Копер.

Како што појаснија, за несреќата биле информирани околу 9 часот.

Оттаму велат дека, според првите информации, патничкиот воз налетал на група работници на словенечките железници кои вршеле работи за одржување на пругата.