Тешка внатрепартиска дискустија: Наќе Чулев и Игор Јанушев отпаднаа од министерското столче во МВР

Наќе Чулев и Игор Јанушев отпаднаа од функцијата министер за внатрешни работи во техничката влада на Талат Џафери. На ова место вечерва ВМРО-ДПМНЕ го одбра велешкиот адвокат кој веќе подолг период е активен во партијата, Панче Тошовски. „Трилинг“ дознава дека имало голема дискусија меѓу овие три имиња во внатрепартиските органи.

Според многумина најсериозен за министерското столче беше Наќе Чулев. Многу медиуми веќе и го објавија неговото име, но на крајот епилогот е различен.

Наќе Чулев е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој на Институтот за одбранбени и мировни студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј Скопје“. Има искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи. Чулев на позицијата министер во техничката влада беше во пресрет на претходните избори, а многумина неговото име прво го асоцираат со спотот каде возилата на МВР го направија македонското знаме.

Освен Чулев, од високи партиски извори дознаваме дека сериозно за оваа позиција парирал и поранешниот генерален сектретар од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Патем, тој беше гостин и во претходното издание на „Трилинг“ во петокот и интерјуто може да го погледнете ОВДЕ.

Јанушев за „Трилинг“ рече дека овие избори ќе бидат „последна шанса“ да почнат работите да се менуваат од темел. Оттука, може да се заклучи дека по евентуалното доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ токму овие имиња може да седнат на министерското столче за внатрешни работи со мандат од четири година.

Засега, сите карти се отворени, а останува да видиме како ќе се покаже Тошковски на оваа функција. Тошковски е адвокат, а во рамки на партијата е претседател на Комисијата за правни прашања. Отсега е и со нова титула: Технички министер за внатрешни работи.

Повеќе за новите министри може да прочитате ТУКА.