Не е поминат филтерот на Европската Унија за амбасадор од земјава во ЕУ, во Брисел, да биде именувана Теута Арифи, членка на ДУИ и екс-градоначалничка на Тетово – дознава „МКД.мк“ од доверливи дипломатски извори.
Според информациите на медиумот, Арифи по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, во Стејт департментот, во март годинава беше предложена за амбасадорка во ЕУ – но ниту ова не било успешно.
Против акредитацијата на Арифи во Брисел е опозициската Алијанса на Албанците.
„Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“ – изјавил Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците.