
Тетовец се снимал како пука од „бмв-то“ додека одел на семејна веселба
„Полицијата постапила по претходна пријава дека истиот ден во 10:00 часот во село Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Ноќеска (23.10.2025) во 00:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од село Голема Речица.
„Полицијата постапила по претходна пријава дека истиот ден во 10:00 часот во село Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв” со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки” со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.