
Триесет и седум годишник од Тетово доби кривична пријава затоа што од возилото вперил пиштол кон возило во кое се превезувале полициски службеници.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Б.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, се наведува во полицискиот билтен.
На 05.10.2025, пријавениот од возило „фолксваген амарок“ вперил пиштол кон возило во кое се превезувале полициски службеници, а по извршен преглед над возилото се пронајдени и одземени пиштол „Валтер“ и нож.