Тер Штеген – трет странски играч по Дани Алвеш и Лео Меси со 100 настапи за Барса

Голманот на Барселона, Мартин тер Штеген, стана само третиот играч со странско потекло кој забележал 100 натпревари за тимот.

Постигнувањето го одбележа со чиста мрежа на натпреварот од 28. коло во шпанската Ла Лига, извојуван со минимални 1:0 против екипата на Мајорка.

Останатите двајца фудбалери кои го носеа дресот на „блауграните“ го постигнаа овој успех се Лионел Меси кој има 778 натпревари и Дани Алвеш со 408 натпревари.

Тер Штеген за Каталонците игра од 2014 година, кога од Борусија Менхенгладбах се пресели во шпанскиот гигант. Актуелниот договор на Германецот со тимот од Пиринејскиот Полуостров е до крајот на сезоната 2027/2028.

Во моментов неговата вредност, според порталот „Трансфермаркт“, е 35 милиони евра.