Терористички напад во џамијата Шахчера – четири жртви, еден од напаѓачите е уапсен!

Имаше терористички напад во Шираз, во џамијата Шахчера, во Иран.

Според првичните информации четири лица се убиени, а еден од напаѓачите е уапсен.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста.

Во оваа џамија веќе беше извршен терористички напад во октомври 2022 година, кога беа убиени 15 лица.