Терористите приведени во Дагестан им доставувале оружје на напаѓачите на „Крокус“

Членови на терористичка ќелија составена од странски државјани, приведени за време на антитерористичката операција во Дагестан, го снабдувале со пари и со оружје терористите кои ја нападнаа коцертната сала „Крокус“, објави ТАСС Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.

Еден од приведените признал дека им помагал на терористите финансиски и со оружје. Безбедносните сили од кај него заплениле две автомати „Калашников“ и 460 парчиња муниција.

„Им донесов оружје на тие кои го нападнаа Крокус во Москва. Им донесов оружје од Махачкала во Митишчи“, прецизирал уапсениот.

Освен тоа, според безбедносните службеници, четворица странци подготвувале терористички напад на масовен собир на луѓе во Каспијск.

Ден пред тоа се дозна дека руските безбедносни сили привеле напаѓачи во Дагестан кои планирале да извршат терористички напади. За таа цел во Махачкала и Каспијск беше прогласен режим на антитерористичка операција.

Специјалните сили на ФСБ уапсија вооружени терористи во неколку станови во станбени згради во Дагестан. При увид на местата, безбедносните сили пронашле автоматско оружје, муниција и импровизирана експлозивна направа. Меѓу цивилното население нема повредени, појаснуваат од НАЦ.

Терористичкиот напад во „Крокус“ се случи вечерта на 22 март. Вооружени лица упаднаа во зградата и почнаа да пукаат кон посетителите, по што ја запалија и концертната сала. Како резултат на тоа, 144 лица загинаа, а 551 лице се повредени.

Безбедносните сили приведоа 11 лица, вклучително и четворица извршители на нападот, кои се во протвор до 22 мај.