Безбедноста ќе биде зголемена на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите оваа недела во Мадрид, Париз и Лондон по наводните терористички закани на сите четири натпревари.
„УЕФА е свесна за наводните терористички закани за овонеделните натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА и е во близок контакт со властите на соодветните места. Четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се одржи според планираното со соодветни безбедносни аранжмани“, соопшти УЕФА, цитирана од Sky News.
Медиум кој е поврзан со групата Исламска држава, наводно, упатил закани во врска со сите четири натпревари оваа недела.