Тепачки во автобуси во Скопје – во две учествувале жени

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера, во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.

Во 16:30 часот, пак, во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица.

Во 16:30 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Крива Паланка пријавила дека околу 15:30 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар, била физички нападната од Б.Л. (женско лице).

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.