Ситуацијата во Собранието на Косово ескалираше во моментот кога премиерот Албин Курти држеше говор.
Опозициските партии цело време му се спротивставуваа на премиерот Курти, нарекувајќи го „лажго“.
Во еден момент, пратеникот на Демократската партија на Косово, Мергим Луштаку, го испрска со вода Курти. Во тој момент интервенираа и министрите од владиниот кабинет, а потоа ситуацијата ескалираше до физичка пресметка меѓу министри и пратеници од опозицијата.
Не се знае точно што се случило, но во еден момент Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници, по што настанала тепачка, пишува Коха. Претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побарал интевренција од полицијата.