Тен Хаг: Роналдо е минато, ние гледаме кон иднината

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не сакаше да зборува за Кристијано Роналдо откако Португалецот минатиот месец го раскина договорот со „црвените ѓаволи“ по контроверзното интервју во кое ги нападна сите во клубот.

„Како што кажав и претходно, Роналдо е минато, нашите погледи се кон иднината. Сакаме да изградиме нова иднина за Манчестер Јунајтед, и тој не сакаше да биде дел од тоа. Живтот продолжува. Не сакам да трошам енергија на интервјуто, тоа е минато“ – рече Тен Хаг.

Тој порача:

„Да, но само доколку најдеме вистинско засилување. Дали Коди Гакпо е опција? Не сакам да коментирам за конкретни имиња, никогаш не го правам тоа, но верувајте, работиме да го донесеме вистинското засилување“.