Тен Хаг по дебаклот против Ливерпул: Јас не сум Хари Потер!
Ливерпул славеше со 3-0 во вечното дерби против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а по натпреварот тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека не може да создаде шампионски тим преку ноќ и потребно му е време.
Холанѓанецот смета дека постои квалитет во неговиот состав за да освои трофеј и оваа сезона.
„Јас не сум Хари Потер, мора да признаете. Тројца фудбалери за првпат беа стартери оваа сезона. Мануел Угарте не играше ниту една минута. Мора да влезе во форма, а затоа морам да му пронајдам место во составот. Сигурен сум дека ќе помогне, но потребно е време“, кажа Тен Хаг.